Анкета: Повеќе од 70% Руси се задоволни од животот

Ситуацијата во приватниот живот позитивно ја оцениле 72% од испитаниците, а ситуацијата во земјата - повеќе од половина од испитаниците, позитивен тренд покажува и индексот на општествените очекувања, соопшти Серускиот центарот за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

„Тешката во многу аспекти 2016 година заврши за поголемиот дел од Русите со оптимистичка нота, што во голема мера се должи на позитивниот тренд забележан пред сѐ во политичката сфера“, ги коментираше резултатите од истражувањето раководителот на управата за мониторинг и изборни истражувања на ВЦИОМ Степан Лвов на сајтот на организацијата, пренесува „Взгљад“.

„При крајот на годината политичкиот фактор го надмина негативното влијание на материјалниот фактор, кој преовладуваше над нас во текот на целата година“, истакна Лвов.

Анкетата на ВЦИОМ беше спроведена на 24-25 декември 2016 година во 130 населени места во 46 области, краеви и републики на 8 федерални окрузи на Русија. Беа анкетирани 1,6 илјади луѓе, статистичката грешка со веројатност од 95% не надминува 3,5%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња