Во Москва одржана велосипедска парада на минус 28

Повеќе од 500 луѓе учествуваа во втората зима велосипедска парада во Москва, иако температурата на воздухот беше минус 28 степени, соопшти градскиот оддел за транспорт на 8 јануари.
 

A video posted by Dmitry Nechaev (@tritonbikes) on

 

„И покрај „портокаловата“ тревога во Москва поради силните мразеви, организаторите одлучија да не го откажат настанот во кој учествуваа повеќе од 500 учесници“, изјавија официјалните лица.

На сите велосипедисти им беше препорачано да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за безбедност на екстремно ниските температури кои ја зафатија Москва од православниот Божиќ (7 јануари).

„Службите за помош беа присутни на почетокот и на крајот на рутата“, изјавија официјалните лица. „Сите луѓе беа одбрале соодветна облека и никој не побара медицинска помош“.

 

A photo posted by Masha (@klubnikavelomania) on

 

Настанот не е спортска трка: жителите и посетителите од сите возрасти и со секаква физичка подготовка беа поканети да земат учество во неа. Просечната брзина на велосипедистите за време на парадата не надминуваше 14-15 км/час.

Во 2016 година во главниот град на Русија се одржаа четири велосипеди паради. Во јануари 2016 година, на првата зимска велосипедска парада се собраа повеќе од 3000 луѓе и покрај студеното време, соопштува ТАСС.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.