Руските безбедносни сили ќе се вооружат со автоматот АДС

Безбедносните сили на Русија од 2018 година ќе бидат вооружени со автоматот АДС, со кој може да се стрела и под вода.

Вооружените сили на Русија, Росгвардија и другите безбедносни структури од 2018 година ќе добијат ново огнено оружје, во кое спаѓа и автоматот АДС, со кој може да се стрела и под вода. Ова го соопштува Topwar.ru повикувајќи се на „Ростех“.

„Веќе има договори, нарачки од Министерството за одбрана, ФСБ, Росгвардија и МВР. Од наредната година ќе биде организирано сериско производство.

Се истакнува дека во 2018 година ќе бидат организирани и испораки на автоматот АДС во силите“, изјави директорот на ЦКИБ за спортско-ловечко оружје Алексеј Сорокин, пренесува „Газета.ру“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.