„Нафтогас“ на Украина соопшти за можни обвинувања од Русија

НАК „Нафтогас на Украина“ изјави дека Русија, на која наводно ѝ недостигаат ресурси поради ниските температури, може да истапи со неосновани обвинувања за неспособност на Киев да обезбеди транзит на гас во Европа.

„Потполно веројатна е ситуацијата кога на „Гаспром“ му недостигаат ресурси и за греење дома, и за извоз во ЕУ. Тогаш ќе се обидат да нѐ обвинат нас“, се вели во соопштението на украинската компанија на „Фејсбук“.

Компанијата истакнува дека очекува Русија да не ја плаши ЕУ дека Украина го презема гасот од своите резервоари.

„Тоа е наш гас, ние го складиравме во резервоарите токму за да можеме да го црпиме зиме“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад“.

„Нафтогас“ потенцира дека Украина не е обврзана да му помага на „Гаспром“ со свои резерви во случај руската компанија да има недостиг на резерви.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња