Tрамп: Ситуацијата со Русија околу сајбер-нападите е „лов на вештерки“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече „лов на вештерки“ во која на Русија ѝ се припишуваат хакерските напади врз серверите на Демократската партија во текот на претседателските избори во САД.

Трамп смета дека вревата околу наводните руски сајбер-напади во текот на претседателските избори во САД е политички мотивирана.

„Тие (администрацијата на претседателот на САД Барак Обама) претрпеа катастрофален пораз на изборите. Јас победив во повеќе окрузи отколку Роналд Реган во негово време. Ним им е многу срам поради тоа. Во определена мера она што се случува е лов на вештерки. Тие едноставно се фокусираа на тоа“, изјави Трамп во интервју „Њујорк Тајмс“ одговарајќи на прашањето зошто толку внимание им се посветува на хакерските напади кои ѝ се припишуваат на Русија.

Претходно Доналд Трамп изрази сомнеж во основаноста на обвинувањата против Русија за сајбер-нападите, пренесува РТ на руски

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња