Шефот на Пентагон смета дека Путин е пречка за дијалог меѓу САД и Русија

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер го обвинува претседателот на Русија Владимир Путин дека му пречи на Вашингтон да воспостави контакт со Москва.

„Мислам дека во текот на последниве години таа толку порасна (желбата на Русија да им пречи на САД). Мислам дека тоа потекнува од Владимир Путин“, изјави Картер во интервју за „Вол Стрит Џурнал“.

Според него, рускиот претседател „ја определува успешноста на својата политика според „степенот на неудобност“ кој тој наводно го создава во останатиот свет.

„Затоа на САД им е толку тешко да воспостават соработка со Русија“, објасни Картер.

Шефот на Пентагон истакна дека една од целите на политиката на Русија е наводно стремежот да го подели НАТО и да ги одвои земјите од Алијансата.

Тој исто така изјави дека Русија во Сирија не се борела против „Исламската држава“, туку против умерената опозиција, пренесува РТ на руски.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.