МО РФ даде отчет за работата на поморската авијација во Сирија

Поморската авијација изврши 420 летови и уништи повеќе од 1,2 илјади објекти на терористите.

За два месеци од учеството на руската поморска авијација на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ во Сирија беа реализирани 420 летови и уништени 1252 објекти на терористите, соопшти командантот на руската група во Сирија генерал-полковник Андреј Картаполов, пренесува „Интерфакс“.

„За два месеци од учеството во борбените дејствија пилотите на поморската авијација извршија 420 летови, 117 од нив беа ноќни. Речиси сите летови се одвиваа во тешки метеоролошки услови. Погодени се 1252 објекти на терористите “, изјави Картаполов.

Тој потсети дека од 8 ноември 2016 година борбената група на Северната флота составена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, нуклеарниот ракетен крстосувач „Петар Велики“, антиподморничкиот брод „Североморск“, како и од бродови на Црноморската флота исполнуваат задачи за борба против тероризмот на територијата во Сирија.

„Ударите се вршеа врз инфраструктурни објекти, кампови на милитантите и воени возила, борбени позиции и упоришта на нелегалните вооружени групи. Фрегатата на Црноморската флота „Адмирал Григорович“ која се наоѓа во Средоземното Море на 15 ноември 2016 година изврши ракетен напад со крстосувачки ракети „Калибар“ врз објекти на ИДИЛ на територијата на Сирија. Сите цели се погодени“, потенцираше командантот.

Тој додаде дека борбените задачи со напади врз цели на копното се реализираа со помош на палубните авиони за прв пат во историјата на Воено-поморската флота на РФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња