Дутерте се надева дека Русија ќе стане сојузник и заштитник на Филипините

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте се надева на соработка со Русија.

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте изрази надеж дека Русија ќе стане сојузник и заштитник на неговата земја, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Претходно руската амбасада на Филипините соопшти за РИА „Новости“ дека Дутерте го посетил во петокот бродот за противподморничка борба на руската морнарица „Адмирал Трибуц“, кој во моментов е закотвен во пристаништето на Манила.

„Ги поздравуваме нашите руски пријатели. Можете да се закотвувате овде во секое време за било каква цел - за игри, снабдување или, можеби, наша заштита“, изјави Дутерте. Исто така се истакнува дека лидерот на Филипините се ракувал со заменик-командантот на Тихоокеанската флота на ВМФ РФ адмирал Едуард Михајлов.

Руските бродови „Адмирал Трибуц“ и танкерот „Борис Бутома“ пристигнаа во пристаништето во Манила за да ги надополнат резервите со храна, за одмор на екипажот, како и во пријателска посета на Вооружените сили на Филипините. Бродовите ќе останат во пристаништето до 7 јануари.

Претходно Дутерте изјави дека е отворен за спроведување на заеднички воени вежби со Русија, со цел да се зајакне поморската соработка.

Странските медиуми објавија дека Руската Федерација и Филипините можат да одржат заеднички воени вежби. Покрај тоа, рускиот амбасадор во Манила Игор Ховаев изјави дека Русија е подготвена да им испорачува на Филипините современо оружје, вклучувајќи авиони и подморници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња