Видео: Патнички авион Ту-134 со оштетен мотор слета во Јакутија

Во Јакутија патнички авион Ту-134 со оштетен мотор изврши принудно слетување.

Видеото од настанот го објави телевизијата „360“.

Авионот на компанијата „Алроса“ леташе од Мирни за Новосибирск. Половина час по полетувањето му откажа еден од моторите и екипажот одлучи да се врати на аеродромот од каде што полета.

При слетувањето нема повредени. Се истакнува дека во авионот имало повеќе од сто луѓе, пренесува „Лента.ру“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.