Во Сирија со поддршка од ВКС Русија ликвидирани 35 илјади терористи

Како што истакна Министерството за одбрана на РФ, ликвидирани се 204 теренски командири на терористите.

35 илјади милитантни и 1,5 илјади единици воена техника се уништени во Сирија со поддршка од Воздушно-космичките сили на Русија, соопшти во средата Министерството за одбрана на Руската Федерација.

„Ликвидирани се 725 кампови за обука, 405 фабрики и погони за производство на муниција, 1,5 илјади единици воена техника на терористите, 35 илјади милитанти, меѓу нив - 204 теренски командири“, изјавија од Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Интерфакс“.

Според МО РФ, од милитантите во Сирија се запленети 57 ракетни системи и 418 импровизирани ракетни системи, 410 минофрлачи и повеќе од 28 илјади парчиња огнено оружје.

„Исчистени и деактивирани се 26853 експлозивни предмети на 1 илјада 420 хектари. Во Сирија се доставени и предадени на локалното население десетици илјади тони хуманитарна помош, медицински материјали и предмети за основни потреби“, додаваат од рускиот одбранбен ресор.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња