Вандали го оштетија споменикот на Јуриј Гагарин во Загреб

Амбасадата на Руската Федерација во Република Хрватска соопшти дека мермерот на постаментот е изгорен и дека е оштетен натписот на споменикот.

Вандалски чин е извршен од страна на непознати лица врз споменикот на првиот космонаут на планетата Јуриј Гагарин во хрватскиот главен град Загреб, изјави за ТАСС шефот на конзуларниот оддел на Руската амбасада во Хрватска Владимир Полјанин.

„Врз споменикот на Гагарин непознати лица извршија чин на вандализам, изгорен е мермерот на постаментот и оштетен е натписот“, изјави Полјанин.

Тој додаде дека, судејќи според сѐ, се работи за хулигански испад кој се случил во првите денови од новата година.

Споменикот на Јуриј Гагарин беше подигнат во центарот на Загреб во октомври 2016 година. Неговото подигање беше по повод 55-годишнината од првиот лет во вселената кој советскиот космонаут го изведе на 12 април 1961 година. Претходно во 2016 година во Загреб беше откриена биста на рускиот поет Александар Пушкин, а во иднина се планира да се подигне споменик и на рускиот поет Сергеј Есенин.

Споменикот на Јуриј Гагарин во Загреб, Хрватска. Руска реч на македонски

Споменикот на Јуриј Гагарин во Загреб, Хрватска.

Споменикот на Јуриј Гагарин во Загреб, Хрватска. Руска реч на македонски

Споменикот на Јуриј Гагарин во Загреб, Хрватска.

 
1/2
 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.