Белата куќа објасни зошто не воведува санкции против Путин

Вашингтон објасни зошто не воведува санкции против претседателот на Русија Владимир Путин

Доколку Вашингтон би вовел санкции против претседателот на РФ Владимир Путин во врска со сајбер-нападите во текот на изборниот процес во САД, тоа би било претерано.

Ова во вторникот, 3 јануари, го изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на редовниот брифинг.

„Согласно политиката на воведување санкции, лидерите на странски држави се ставаат на црните списоци само во определени околности. И би било претерано, доколку лично Путин се најде на тој список“, потенцираше Ернест, пренесува „Лента.ру“.

На 29 декември Вашингтон воведе санкции против Русија во врска со наводните сајбер-напади врз изборниот систем на САД. Под санкции се најдоа ФСБ и Главната управа за разузнавање на Генералштабот на Вооружените сили на РФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња