Хеликоптерот Ми-28УБ „Ноќен ловец“ успешно ги помина државните испитувања

Најновата верзија на хеликоптерот Ми-28УБ „Ноќен ловец“ со двоен систем на управување успешно ги поминаа државните испитувања и од 2017 година ќе почнат да се испорачуваат на Вооружените сили на Русија, изјави началникот за борбена обука на армиската авијација на ВКС генерал-мајор Олег Чесноков.

Хеликоптерите најпрво ќе бидат испорачани на 344 Центар за дообука на летечкиот состав во Торжок, пренесува „Взгљад“.

Во октомври беше објавено видео од првиот лет на модернизираниот Ми-28Н при чија изградба, исто како во Ми-28УБ, е инсталиран втор систем за управување. Најновиот Ми-28Н ќе почне сериски да се испорачува на руската војска не подоцна од 2018 година.

Ми-28УБ е школско-борбен хеликоптер. Може да се применува за обука во пилотирање со најновиот Ми-28Н, но притоа ги задржува и сите функции на јуришен хеликоптер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња