Во Данска почина кнезот Димитриј Романович, најстариот од родот Романови

Најстариот потомок на рускиот цар Николај I почина во Данска.

Во Данска почина најстариот од родот Романови, кнезот Димитриј Романович, пренесува „Росијскаја газета“.

Како што се истакнува, за неговата смрт соопшти неговата сопруга Феодора Алексеевна. Димитриј Романович почина на 90-годишна возраст. Причините за неговата смрт не се соопштуваат.

Димитриј Романович е роден на 17 мај 1926 година во Франција. Тој е најмалиот син на кнезот Роман Петрович и грофицата Прасковја Дмитриевна Шереметјева, праправнук на Николај I по помладата машка линија. Припаѓа на гранката „Николаевичи“ од родот Романови, признаен е за глава на Куќата Романови од мнозинството потомци на последниот руски император.

Се занимаваше со општествена дејност, меценатство и добротворна работа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња