Путин му изрази сочувство на Ердоган во врска со нападот во Истанбул

Претседателот на Русија Владимир Путин му изрази сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со загинувањето на граѓани на Турција и други земји во терористичкиот напад во Истанбул, соопштува прес-службата на Кремљ.

„Тешко е да си замислите поцинично злосторство од убиство на цивили во екот на новогодишниот празник. Но, на терористите им се апсолутно туѓи поимите за човечкиот морал. Наш заеднички долг е да се даде решителен отпор на терористичката агресија“, ги цитира прес-службата зборовите на Путин, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија потврди дека во борбата со тоа зло Русија била и останува сигурен партнер на Турција. Путин изрази и сочувство до роднините и пријателите на загинатите, како и желби за најскоро оздравување на сите повредени.

Вооружениот напад во ноќниот клуб „Реина“ се случи на новогодишната ноќ. Според информациите на медиумите, луѓе во костими на Дедо Мраз отвориле оган од „Калашникови“. Градоначалникот на Истанбул изјави дека нападот бил извршен од еден терорист. Загинаа 39 лица (од нив 16 странци), а 69 беа ранети. Потрагата по напаѓачот продолжува.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња