Песков раскажа за единственото прашање на Путин на кое немал одговор

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во хумористичната програма „Меѓународна пилана“ на телевизијата НТВ раскажа на кое прашање на шефот на руската држава не можел да одговори.

Тоа се случило во текот на Обраќањето на претседателот Путин до Федералното собрание. Камерата го „уловила“ Песков со затворени очи. Според портпаролот на шефот на руската државата, во такви моменти тој има максимална концентрација и ги затвора очите со цел подобро да ја разбере смислата на она што е кажано, пренесува „Росијскаја газета“.

По неколку часа му се јавил претседателот и го прашал: „Дмитриј Сергеевич (Песков), овие моментите, акцентите, што мислите, како звучеа?“. А Песков одговорил: „Владимир Владимирович (Путин), прекрасно, ми се чини, право во целта, допреа до публиката“. И тогаш претседателот го прашал: „А од каде знаете, Дмитриј Сергеевич?“.

Песков истакна дека тогаш навистина не знаел што да одговори: „И гласот тивко ми кажа: „Спиевте цело време, Дмитриј Сергеевич“, додаде тој.

Кога водителот на емисија Тигран Кеосајан го праша Песков во каква состојба бил во тој момент, Песков искрено призна: „Самоубиствена“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња