Обама: санкциите против Русија се „неопходен и адекватен“ одговор

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека санкциите против Русија се „неопходен и адекватен одговор“ на обидите на Москва да им наштети на американските интереси.

„Сите Руси треба да бидат загрижени поради постапките на Русија“, се вели во изјавата на Обама, објавена на сајтот на Белата куќа.

Лидерот на САД повторно ја обвини Русија за хакерските напади врз серверите на Демократската партија во текот на претседателските избори.

„Овие дејствија следат по многубројните предупредувања кои ги адресиравме до руската влада и претставуваат неопходен и адекватен одговор на напорите за нанесување штета на американските интереси, преземени преку кршење на постојните меѓународни норми на однесување. Овие дејствија не претставуваат целосен одговор на агресивната активност на Русија. Ние и во иднина ќе преземаме различни мерки според наше убедување. За некои од нив нема да информираме јавно“, истакна Обама, пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња