Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова со иронија го коментираше исклучувањето на пратеничката во Врховната Рада на Украина Надежда Савченко од составот на украинската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Захарова потсети дека Киев претходно, тврдејќи дека Надежда Савченко е член на оваа делегација, се обидуваше да ја ослободи Савченко од руски затвор. ПССЕ ги поддржа овие гласови и сега, по исклучувањето на Савченко од ПССЕ, оваа институција не се огласува, истакнува Захарова.
„Дали разбирате за каков трик се работи? Во тој момент изборот на Савченко за пратеник во Врховната Рада и нејзиното нелегитимно вклучувањето во делегацијата на Украина во ПССЕ беа адутите на информационо-политичката кампања на Киев”, напиша Захарова на својот „Фејсбук“ профил.
„А кога се врати Савченко жива и здрава и навистина почна да ги исполнува своите обврски, неа ја исклучија. Парламентарното собрание на Советот на Европа молчи. А зошто? Ги потрошија ли боите за печатење плакати? Или не им беа набројани пари за режираната акција? Или едноставно малку ги збуни демократијата на Киев?“, додаде Захарова.
Надежда Савченко во четвртокот беше исклучена од украинската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче