Киевски суд нареди да се претресе Путин

Печорскиот суд во Киев даде рок од 30 дена да се изврши претрес на администрацијата на претседателот на РФ Владимир Путин во Москва.

Печорскиот суд на градот Киев дозволи истрагата да изврши претрес во администрацијата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Москва, пренесува „Рамблер.ру“.

Иследник за особено важни случаи при Генералното обвинителство на Украина побара пристап до работите и документите и заплена кои се во администрацијата на Путин во Москва. Потребата да се изврши претрес иследникот ја објасни дека за да се изврши вештачење на ракопис потребно му е да го добие оригиналното барање на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович до Владимир Путин .

Според верзијата на украинската истрага, на 1 март Јанукович се обратил со писмено барање до претседателот на РФ „со барање да ги употреби вооружените сили на таа земја на територијата на Украина“. Печорскиот суд дозволи одземање и заплена на барањето. Рокот за извршување на одлуката е 30 дена.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња