Русија до април ѝ испорачува на Србија шест ловци МиГ-29

Испораката на шест авиони-ловци МиГ-29 на Србија ќе го реализираат Вооружените сили на Русија во рамките на обезбедувањето на воено-техничка помош, изјави заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Анатолиј Пунчук.

„Испораката на шест МиГ-29 ќе се случи во март-април следната година откако ќе ги поминат техничките прегледи, затоа што авионите ќе бидат префрлени од Министерството за одбрана во рамките на воено-техничка соработка. Србија е наш стратешки партнер“, изјави Пунчук, пренесува „Взгљад“.

Тој исто така потсети дека во мај Русија ѝ испорача на Србија два хеликоптера Ми-17В5.

Во понеделникот шефот на владата на Србија Александар Вучиќ изјави дека договорот за предавање на Србија на шест ловци МиГ-29 може да биде потпишан наредната недела во Москва, додека леталата ќе пристигнат во Белград во март 2017 година.

Белград се заинтересира за руските средства за ПВО и ловците  МиГ-29 по соопштенијата за плановите на Хрватска за засилување со американско оружје.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња