Обама му телефонирал на Путин на „црвениот телефон“

Американската телевизија Ен-Би-Си соопшти дека претседателот Барак Обама првпат го употребил „црвениот телефон“ за комуникација со Кремљ во пресрет на претседателските избори во САД.

Претседателот на САД Барак Обама телефонирал во Москва преку т.н. „црвен телефон“ во пресрет на претседателските избори во САД. Ова го соопштува  американскиот телевизиски канал Ен-Би-Си.

Во разговорот американскиот лидер ја предупредил Москва за неприфатливоста на хакерските напади и мешањето во изборниот процес. Тоа бил првпат Обама да ги употреби „црвениот телефон“.

Каналот за итна комуникација на Вашингтон со Кремљ, кој се нарекува црвен телефон, се појави пред повеќе од 50 години. Тој е наменет за итни пораки налик на оние кои можеле да бидат пренесени за време на терористичките напади во Њујорк на 11 септември.

Претходно Обама во неколку наврати ја обвини Русија дека се обидува да влијае на претседателските избори во САД со помош на хакери. Кремљ повеќепати потенцираше дека сите такви тврдења се целосно неосновани и нерагментирани, пишува „Рамблер.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња