Полицијата уапси „филмска екипа“ на место каде се врши планирано рушење на дотраени згради заради изградба на нови, пренесува „Комерсант“.
Според соопштението на МВР Египет, приведените признале дека снимале видео за деца, наводно ранети како резултат на воздушни удари на подрачјето на Алепо, кои со поддршка на Русија ги нанесува сириската владина армија. Снимените видеа и фотографии биле предвидени за објавување на социјалните мрежи.
Полицијата била сведок на снимањето на малолетно девојче во окрвавен бел фустан со бело мече во рацете. Мечето исто така било со црвени дамки. „Крвта“, како што на местото се увериле полицајците, била обична боја, пишува „Взгљад“.
„Чичко Мустафа ми рече дека треба да го облечам ова фустанче со крв и тој ќе направи неколку фотографии“, изјавило девојчето.
„Чичко Мустафа“ е 25-годишниот фотограф кој планирал да ги објави фотографиите на социјалните мрежи со наслов „Крвта на децата на Алепо“, пренесува „Рамблер“.
Фотографот е уапсен, а родителите на децата се пуштени на слобода со кауција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче