Трагедија во Иркутск

Бројот на починати од труење со лосионот за тело „Бојаришник“ во Иркутската област се искачи на 33, додека 54 лица се хоспитализирани, соопшти Истражниот комитет за Иркутсата област.

Како што соопшти прес-службата на ГУ МВР за Иркутската област, припадниците на полицијата и иследниците на Истражниот комитет на Русија во Иркутск провериле повеќе од 200 места за продажба на алкохол, вклучително и пазари на големо и мало, при што се одземени околу 2 илјади шишенца на средството „Бојаришник“, пренесува „Взгљад“.

Според зборовите на лекарите, повеќето настрадани пристигаат во коматозна состојба. Од моментот на употреба до појава на симптомите на труење поминуваат од еден до 24 часа, во зависност од количината на испиената течност и индивидуалните особености на организмот.

Тинктурата „Бојаришник“ според законот може да се продава само во аптека. Течниот „Бојаришник“ не е наменет за орална употреба, туку претставува лосион за капење кој содржи алкохол.

Во меѓурегионалната управа на „Росалкогољрегулирование“ соопштија дека во состав на концентратот имало метанол и антифриз. Течноста била произведена во Санкт Петербург според фалсификуван документ.

Поднесена е кривична пријава. Приведени се седум лица, од кои двајца претприемачи“, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња