Извор: рускиот амбасадор во Анкара почина по атентатот

Рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов почина по атентатот извршен врз него, соопштува РТ на руски.

Неименуван вооружен маж гестикулира по пукањето во рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, во фотогалерија во Анкара, Турција, понеделник, 19 декември 2016. Извор: APНеименуван вооружен маж гестикулира по пукањето во рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, во фотогалерија во Анкара, Турција, понеделник, 19 декември 2016. Извор: AP

На 19 декември вооружен маж изврши атентат врз амбасадорот на Русија во Анкара Андреј Карлов во текот на неговиот говор на отворањето на фотоизложбата „Русија со очите на Турците“, организирана во галеријата на современа уметност во главниот град на Турција.

Како што претходно беше соопштено, напаѓачот е ликвидиран. Во нападот исто така настрадаа уште три лица, пренесува РТ на руски.

На видео-снимката се гледа дека во амбасадорот е стрелано во моментот додека држи говор.

РТ врши пренос од местото на настанот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња