Киев подготвува проширување на списокот со санкции против Русија, во кој ќе се најдат, според мислењето на Украина, лица вмешани во лишување од слобода на украински државјани поради политички мотиви, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин.
„Ќе се трудиме да го адаптираме тој список откако ќе добиеме јасни податоци кој е вмешан во процесите за нашите политички затвореници. Затоа што, за да можеме да вклучиме некој човек во списокот со санкции, нам ни требаат реални докази“, изјави Климкин, чии зборови ги цитира Би-Би-Си Украина, пренесува РИА „Новости“.
Според шефот на МНР Украина, неговото министерство ги проверува информациите за украински затвореници не само од роднините, туку и по линија на меѓународните организации за заштита на човековите права и адвокати.
„Во моментов подготвуваме нови дополнувања на санкцискиот список“, потенцираше Климкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче