Економските санкции против Русија поради ситуацијата во Украина ќе мора да продолжат, „Минскиот процес“ за регулирање на кризата се одвива тешко, изјавија канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.
„Минскиот процес се одвива тешко, затоа ќе биде потребно уште еднаш да се продолжат санкциите против Русија“, ги пренесува „Взгљад“ зборовите на Меркел.
„Во Украина треба да биде исполнета „Минската спогодба“... Сѐ додека нема напредок – јас, како и канцеларката, го поддржувам продолжувањето на санкциите“, изјави францускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче