Медиум:„Маша и мечокот” се најголемо достигнување на Путиновата „мека сила“

„Маша и каша“, една од епизодите на цртаниот филм „Маша и мечокот“ е шестата најгледана снимка во историјата на YouTube со 1 милијарда 804 милиони прегледи.

Главното достигнување на „меката сила“ на Путиновата Русија се русокосото девојче и мечката со циркуско минато, пишува италијанскиот весник „Ил Фољо“. На 10 декември московското студио за анимација „Анимаккорд” официјално го соопшти она што многумина родители, дури и италијанските, веќе одамна го знаеја: епизодата под наслов „Маша и каша“ собра 1 милијарда и 804 милиони прегледи и стана шестото видео според гледаноста во историјата на „Јутјуб“.

Неверојатниот успех на анимираниот филм „Маша и мечокот“ најдобро може да се види во божиќниот период, како денес, кога трговските центри се полни со кукли, слики и играчки посветени на овие херои, а на телевизија можат да се проследат најпопуларните епизоди, се вели во текстот.

Тригодишната Маша, облечена во традиционална руска носија, со шамија на главата, влезе во домовите на децата во 120 земји ширум светот. Цртаниот филм веќе е преведен на 25 јазици, од САД до Индонезија. Во Америка гласот на Маша го позајмува Елси Фишер, млада холивудска актерка.

„Идејата за серијата настана од желбата на комичен начин да се претстават односите меѓу децата и возрасните, така што на гледачите да им бидат сосема јасни внатрешните доживувања на јунаците“, изјави директорот на проектот Денис Червјацов.   

Во 2015 година анимиранот филм „Маша и мечокот“ ја доби наградата Kidscreen Awards за најдобра анимација, а студиото  „Анимаккорд“ заработи милиони 225 милиони долари. Компанијата, основана во 2008 година, сега има повеќе од 100 вработени, 70 аниматори и отвори канцеларија во Калифорнија.

Додека на светот во ликот на мечокот најчесто се претставува злото против кое мораме да се бориме, источноевропските деца во него го гледаат оној кој му помага на русокосото девојче да си го најде патот до дома, вели италијанскиот весник.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња