Нетанјаху: Израел ги координира со Русија активностите околу Сирија

Војските на Израел и Русија ги координираат дејствијата за да избегнат непредвидени конфликти во Сирија, изјави во неделата во интервју за Си-Би-Ес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој одговори на прекорите за симпатии кон „антиамериканскиот блок“ и ги оцени своите односи со Путин.

Нетанјаху раскажа за преговорите со рускиот претседател Владимир Путин. „Ние ги координиравме нашите вооружени сили, затоа што никој не сака непредвиден судир на Израел со Русија“, ги пренесува зборовите на Нетанјаху „Взгљад“.

Според него, тој му рекол на Путин дека нема да се меша во сирискиот конфликт, но притоа нема да му дозволи на Иран да го напаѓа Израел преку Сирија. Нетанјаху ги опиша своите односи со Путин како „пријателски“.

Водителот го прекори Нетанјаху дека има добри односи со Путин и раководството на Кина и претпостави дека израелскиот премиер „се наклонува кон антиамериканскиот блок“.

„Тоа е лажен впечаток. Пред сѐ, постои незаменлив сојузник, се вика Соединетите Американски Држави“, изјави Нетанјаху. Сепак тој призна дека Израел е подготвен за сојуз и со други земји.

„Израел развива цела плејада нови сојузи, во некои случаи со земји кои ги предизвикуваат САД низ целиот свет, такви како што се Русија, која испрати војска во Сирија, која е најблискиот сосед на Израел“, ги коментираше Нетанјаху зборовите на водителот на програмата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња