Пејџ: Во политиката спрема Украина САД се ориентираа според „лажни вести“

Картер Пејџ, советник во изборниот штаб на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го нарече катастрофално нивото на дезинформации врз кои се градеа одлуките на меѓународните фактори за Украина и Крим.

Пејџ го нарече развојот на настаните во последните пет години во Украина генерално, а посебно на Крим, еден од најфлагрантните примери на „лажни вести“ во последно време.

„Сигурен сум дека ќе се појават нови можности за надминување на тие погреши претстави и неточниот курс кој беше утврден во поглед на Украина“, изјави Пејџ, одговарајќи на новинарско прашање дали тој смета дека новата американска администрација ќе ја реализира политиката на признавање на припојувањето на Крим кон Русија и каква улога ќе игра украинското прашање во политиката на кабинетот на Трамп.  

Трамп уште како претседателски кандидат вети дека во случај на победа на изборите ќе го разгледа прашањето за признавање на Крим како дел од Русија. Кримските власти изразија уверување дека новоизбраниот американски претседател ќе си го одржи зборот.

Пејџ ја спомена и целта на неговата посета на Москва. Според него, можностите за соработка со рускиот приватен сектор во блиска иднина ќе бидат максимално поволни, а тој работи на неколку потенцијални проекти во оваа сфера. Советникот на Трамп исто така ја коментираше и приватизацијата на компанијата „Роснефт“, велејќи дека тој договор покажува дека санкциите на Западот предизвикаа повеќе штета на западниот бизнис отколку на руските компании, пренесува РИА „Новости“.

„Американските и европските компании се многу заинтересирани за враќање на рускиот пазар. А нивниот интерес опфаќа широк спектар на сектори “, додаде Пејџ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња