Лавров во ОБСЕ со докази за ветувањата на Европа дека НАТО нема да се шири

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на прес-конференција во Хамбург, каде се одржува министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека им предал на земјите на ОБСЕ декласифицирани документи, каде што европските лидери уверуваат дека НАТО нема да се шири на Исток.

„Денес земјите-членки на НАТО во текот на последните два самити во Велс и Варшава донесоа одлуки кои во корен ја менуваат состојбата со вооружувањето во Европа. Јас веќе не зборувам за заборавените и неспоменати обврски кои му беа давани на Советскиот Сојуз на неширење на НАТО на Исток“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.

„Вчера потсетивме на ова, и јас, патем, им предадов на своите колеги документи кои беа декласифицирани, кога Михаил Горбачов разговараше со Хелмут Кол, Едуард Шеварднаѕе разговараше со Ханс Дитрих Геншер, и (државниот секретар на САД) Џим Бејкер беше, исто така учесник во овие преговори, таму е многу јасно напишано, дека сите овие дејци од Германија, САД - и Франсоа Митеран, исто така, учествуваше во тие преговори - тие јасно зборува за тоа, дека нема да има никакво ширење на НАТО кон Исток нема да биде, и згора на тоа, никаква воена инфраструктура на НАТО нема да се приближи до границите на нашата земја“, изјави Лавров.

На самитот на НАТО што се одржа во Варшава на 8-9 јули, лидерите на НАТО одлучија да распоредат четири мултинационални баталјони во балтичките земји и во Полска од почетокот на 2017 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња