Трамп смета дека Русија не се мешала во претседателските избори во САД

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не се согласува со заклучоците на националното разузнавање дека Русија наводно ги хакирала серверите на противничката на Трамп на изборите Хилари Клинтон.

„Не верувам во тоа. Не верувам дека се вмешаа“, изјави Трамп за магазинот „Тајм“ и додаде дека ги смета заклучоците на разузнавањето за политички мотивирани.

Претходно во вторникот магазинот го прогласи Трамп за „Човек на годината 2016“.

Во октомври Министерството за внатрешна безбедност на САД и канцеларијата на директорот на националното разузнавање официјално изјавија дека од сервери на руски компании по директна наредба на владата биле нападнати избирачките системи во САД. Сепак, по тврдењето на специјалните служби, хакерите не успеале да дојдат до пристап, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња