Кери: „Како дете советските војници ми тропаа со кундаци на прозорецот“

Државниот секретар на САД Џон Кери во Берлин раскажа како на 12-годишна возраст првпат се сретнал со советските војници во Германија.

Државниот секретар на САД Џон Кери на церемонијата на која му беше врачена највисокото одликување „За заслуги на Сојузна Република Германија“ во Берлин раскажа како на 12-годишна возраст во средината на 50-тите години на минатиот век првпат се сретнал со советски војници. Неговиот говор е објавен на сајтот на Стејт департментот на САД.

Кери раскажа дека кога имал 12 години, патувал од Франкфурт во Берлин со воен воз кој требало да премине преку територијата на Источна Германија.

„Не ни дозволуваа да ги подигнеме пердињата на прозорците, но јас сепак го направив тоа. Имав шест лименки Пепси-кола или нешто слично и неколку стрипови што ги купив во Франкфурт. И не спиев цела ноќ поради тоа што беше толку интересно, гледав низ прозорецот. Кога запиравме на станиците, војниците - тоа беа руски војници, односно советски војници, - одеа напред-назад и внимаваа некој да не се симне од возот, и тие малку тропаа со кундаците од пушките на мојот прозорец за да ги спуштам завесите, затоа што не смеев да го гледам местото каде што бев“, ги сподели своите спомени државниот секретар на САД, пренесува РИА „Новости“.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња