Путин изрази увереност во реализацијата на „Северен тек 2”

„Мислам дека оние кои се заинтересирани за реализацијата на овој проект ќе ја доведат работата до крај“, изјави рускиот претседател.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека не се сомнева во реализацијата на проектот за гасоводот „Северен тек 2“.

 „Немам големи сомнежи дека тој проект ќе биде реализиран“, изјави Путин, пренесува „Взгљад”.

„Гаспром“, и покрај сите потешкотии, продолжува да работи, нарачува цевки, така што мислам дека оние кои се заинтересирани за реализација на овој проект... ќе ја доведат работата до крај“, изјави Путин во разговорот со работниците на чељабинската фабрика „Етерно” која произведува делови за цевководот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња