Медиуми: „Адмирал Кузнецов“ загуби втор авион-ловец

Според соопштенијата од руски компетентни извори, информациите се точни.
Сухој Су-33
Сухој-33 полетува од палубата на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“. Извор: ТАСС

Авторитетниот новинар за авијација Дејвид Ценциоти на својот блог The Aviationist пишува дека рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ загубил уште еден авион-ловец. Според новинарот, Су-33 се урнал во морето додека слетувал на палубата на носачот на авиони. Пилотот се катапултирал и бил спасен од водата со помош на хеликоптер, пренесува „Лента.ру“.

Повикувајќи се на информирани воени извори, Ценциоти пишува дека  авионот се урнал при второто слетување во добри временски услови - видливост на повеќе од 10 километри, бранови од четири поени, брзината на ветерот била малку повеќе од 20 километри на час.

Според соопштенијата од руски компетентни извори, информациите се точни.

На 14 ноември во Медитеранот се урна МИГ-29КР од составот на руската група предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.