Русија ја обнови дивизијата која го зазеде берлинскиот Рајхстаг

Новата 150 моторизирана дивизија почна со заштита на руската граница во јужниот дел на земјата, изјави министерот за одбрана, генерал Сергеј Шојгу; војниците на легендарната 150 Идрицко-Берлинска моторизирана дивизија на 30 Април 1945 го истакнаа Знамето на Победата над берлинскиот Рајхстаг.

„Сакам да истакнам дека од вчера на 150 моторизирана дивизија пристапи кон извршување на задачите за заштита на границите на југот на земјата“, ги цитира „Взгљад“ зборовите на Шојгу.

Во септември командата на 150 Дивизија веќе учествуваше во воените вежбите „Кавказ 2016“.

На 4 мај министерот за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу изјави дека во Западниот воен округ ќе бидат формирани две нови дивизии, а уште една во Јужниот за спротивставување на зголемувањето на силите на НАТО во близина на руските граници.

На 24 март извор во штабот на Јужниот воен округ соопшти дека на изјави дека до крајот на годината во Ростовската област ќе биде формирана моторизирана дивизија која ќе брои околу 10 илјади војници. Подоцна, извор во Генералштабот на ВС РФ прецизираше дека единицата ќе биде именувана според легендарната 150 Идрицко-Берлинска моторизирана дивизија која го зазеде берлинскиот Рајхстаг на крајот на 2 Светска војна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња