Новиот елемент од периодниот систем на Менделеев е наречен „Московиум“

Два од новите елементи во периодниот систем на Менделеев имаат врска со Русија.

Во рамките на состанокот на Меѓународната унија за техничка и применета хемија (IUPAC) се одобрени имињата и броевите за четири нови елементи. Два од нив имаат врска со Русија.

Така, 115 елемент е наречен „Московиум“ (Mc) - во чест на главниот град на Русија, а 118 – „Оганессон“ (Og) - во чест на академикот на Руската академија на науките (РАН) и научник Јури Оганесјан.

Московиум и Оганессон не се првите „руски“ имиња во периодниот систем. Покрај овие, постојат и елементите Менделевиум (Md), Самариум (Sm) - во чест на градот Самара, Дубниум (Db) - во чест на Дубна и Рутениум (Ru) - во чест на Русија (Рутенија е латинското име за Русија).

Имиња им беа доделени на елементите со броевите 113 и 117. Тие беа наречени Нихониум (Nh) и Тенесиум (Tn).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња