Медиуми: САД се зад Русија и Кина во развојот на хиперсонично оружје

САД се чувствителни на можни напади со нови хиперсонични ракети од правец на Кина и Русија, затоа што заостануваат во технолошката трка во развојот на одбранбено и офанзивно оружје од таа класа, покажува истражувањето на Военото воздухопловство на САД.

Кина и Русија веќе спроведуваат проверки на летањето на хиперсонично оружје што може да го загрози дури и континенталниот дел на САД, ги пренесува наводите од извештајот на американското Воено воздухопловство „Вашингтон Фри Бикон“. 

Како што се нагласува, новото оружје на Русија и Кина може да ги избегне системите за ПРО на САД, а хиперсоничните ракети се со брзина поголема пет пати од брзината на звукот и можат да маневрираат за да избегнат судир со противракети. 

Истражувањето е прво во САД кое предупредува за можниот пораз во трката за развој на хиперсоничното оружје. Марк Луис, под чие раководство е подготвен извештајот, изјави дека за САД би можело да претставува закана новата класа на оружје кое ефикасно ги комбинира брзината, маневрирањето и висината.

Според него, како и за време на студената војна, единствениот сигурен фактор за одвраќање од примената на хиперсоничното оружје може да биде заканата со соодветно хиперсонично оружје. Луис по тој повод ја повикува американската влада да вложи сериозни напори во развојот на офанзивното оружје и одбранбеното оружје.

Покрај Кина и Русија, како што е нагласено, со можности за хиперсонично оружје се занимаваат и други земји, вклучувајќи ја и Индија. Кина го спроведе последното тестирање во април, Русија најави дека првиот модел на хиперсонично оружје ќе биде завршен до 2020 година. Тестирањата на летот на руската хиперсонична ракета Ју-71 беа спроведени во април.

Пентагон во моментов нема јасна програма за развој на хиперсонични ракети или за борба против. Засега „Локхид Мартин“ ги проучува можностите за подобрување на верзијата на ПРО-системот THAAD-ER, која би вила во состојба да обезбеди заштита од хиперсонични ракети.

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.