Директорот на ЦИА го предупредува Трамп да биде претпазлив со Русија

Директорот на ЦИА Џон Бренан смета дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп треба да внимава во однос на „руските ветувања“.

Директорот на Централната агенција за разузнавање (ЦИА) Џон Бренан смета дека новоизбраниот претседател  Доналд Трамп треба да биде „претпазлив“ со руските ветувања. Ова шефот на американското разузнавање го изјави во интервју за телевизијата Би-Би-Си, пренесува РИА „Новости“.

Покрај тоа, Бренан повторно изјави дека Москва е наводно одговорна за хакерските напади во текот на претседателските избори во САД.

Претходно директорот на ЦИА изјави дека Русија претставува за САД „страшен противник“ со кој, сепак, е неопходна соработка во голем број сфери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња