Русија ќе одговори на новите санкции на Канада

Русија ќе реагира на новите санкции воведени од страна на Канада во поглед на пратениците Државната дума од Крим; таквите чекори негативно ќе влијаат на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението на портпаролот на руската амбасада во Канада Кирил Калинин.

Претходно беше соопштено дека Канада вовела санкции против 15 лица, вклучувајќи и шест пратеници на Државната дума од Крим. Министерството за надворешни работи на земјата истакна дека Отава не ги признава резултатите од изборите на полуостровот, сметајќи ја таа територија заедно со Севастопол „анектирана“. Во исто време, канадските власти не бараат да ѝ се врати Крим на Украина, туку само ја нагласуваат својата намера да го „задржат притисокот врз Русија, за таа да ја исполни „Минската спогодба“.

„Дејствувајќи на таков нелегитимен и ирационален начин, канадската страна се става во еден магичен круг на конфронтација со Русија“, изјави претставникот на руската дипломатска мисија во амбасадата, пренесува РИА „Новости“.

Дипломатот истакна дека ваквите чекори ќе имаат негативно влијание врз билатералните односи „кои во последно време штотуку почнаа да се подобруваат“.

„Руската страна ќе го има предвид наведениот непријателски чекор и ќе реагира врз основа на реципроцитет“, додаде Кирил Калинин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња