Володин на чело на делегацијата на Русија на погребот на Фидел Кастро

Владимир Путин е зафатен со подготовката за обраќањето пред Федералното Собрание, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

Претседателот на РФ Владимир Путин поради збиениот график на работа нема да може да присуствува на погребот на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро. Руската делегација ќе ја предводи спикерот на Државната дума Вјачеслав Володин, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„По налог на претседателот, спикерот на Думата Володин ќе биде на чело на делегацијата на погребот на Фидел“, изјави тој за новинарите, пренесува „Интерфакс“.

Притоа, одговарајќи на прашањето за причините поради кои Путин нема да може да учествува на погребот, Песков изјави: „Владими Путин има мошне збиена агенда, во тек е подготовката за обраќањето до Федералното Собрание – тоа е еден од главните настани во претседателскиот работен распоред во текот на годината“.

Според Песков, делегацијата ќе замине за Куба вечерва.

Тој додаде дека во состав на делегацијата ќе биде и претседателот на руско-кубанската меѓувладина комисија Дмитриј Рогозин, претставници на МНР РФ и парламентарните фракции во Думата.

Погребот на Кастро е планиран за 4 декември.

 

 

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.