Путин и Рохани разговараа за Сирија и за стабилизација на нафтениот пазар

Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Хасан Рохани, во телефонски разговор разговараа за координација на чекорите за стабилизирање на глобалниот пазар на нафта, како и за заедничка работа за нормализирање на ситуацијата во Сирија, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Претседателите договорија и понатаму да ги координираат чекорите на глобалните пазари на јаглеводороди, вклучително и во рамките на енергетскиот дијалог меѓу Русија и Организацијата на земјите-извознички на нафта. Истакнато е фундаменталното значење на тековните мерки што се преземаат преку ОПЕК за ограничување на производството на суровини како клучен фактор за стабилизирање на глобалниот пазар на нафта“, се вели во соопштението на сајтот на Кремљ, пренесува „Взгљад“.

Страните исто така разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток.

„Дадена е висока оценка за степенот на руско-иранската соработка на антитерористичкото поле. Договорено е да продолжи тесната заедничка работа со цел обезбедување долгорочна нормализација на ситуацијата во Сирија“, се вели во соопштението.

Исто така, дискутирано е и за приоритетнитеа заеднички проекти  во трговско-економската сфера.

„Владимир Путин и Хасан Рохани го разгледаа спроведувањето на договорите постигнати меѓу нив на средбата во Баку на 8 август 2016 година. Искажана е заемна намера за понатамошен повеќеслоен развој на билатералните односи, вклучително и на одржувањето на позитивната динамика на трговската размена, која во првите девет месеци од оваа година се зголеми за 80% која изнесува 1,6 милијарди долари“, соопштува Кремљ.

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.