Путин ги ослободи од должноста сите академици на раководни функции во Кремљ

Ослободувањето од раководните должности на вработените во администрацијата на претседателот, ФСБ, Министерството за одбрана, МВР РФ е поврзано со нивниот избор во Руската академија на науки, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Да, точно е“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали ослободувањето од должноста е поврзано со нивниот избор во Руската академија на науки (РАН), пренесува „Взгљад“.

Претходно во понеделникот претседателот на Русија Владимир Путин ги ослободи од раководните функции службениците во администрацијата на претседателот, ФСБ, Министерството за одбрана и МВР РФ.

Минатата недела Путин вети дека ќе ги казни чиновниците за одлуката да станат членови на РАН и покрај забраната. Претседателот на Русија потсети дека на крајот на 2015 година побарал од претставниците на власта, вклучително и највисоките раководители, да се воздржат од учество во изборите за Руската академија на науки.

Шефот на руската држава им вети на функционерите во администрацијата на претседателот, Министерството за образование, МВР РФ и ФСБ, избрани во состав на Руската Академија на науки, дека ќе им даде можност да се занимаваат само со научна работа наместо да работат во органите на власта.

Во администрацијата на претседателот ветија дека ќе донесат кадровски решенија по критиката од Путин.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.