Фалон го советува Трамп да не разговара со Русија како со партнер

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп треба да застане на патот на спротивставување на Русија и Британија го очекува тоа од новата американска администрација, изјави шефот на британското Министерство за одбрана Мајкл Фалон.

„Треба да се разликува предизборната реторика од она што се прави во пракса. Во пракса секоја американска администрација секогаш беше во конфликт со Русија. Ние не велиме дека не треба да се води дијалог со Русија, но со неа не треба да се комуницира како и обично, како со рамноправен партнер“, изјави министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фалон во интервју за радиото Би-Би-Си.

Тој го објасни својот став со тоа што Русија со своите дејствија на Крим и во Украина наводно „очигледно ги крши меѓународните правила“ и тоа „никогаш нема да биде заборавено“.

Според него, Британија не се плаши да остане во изолација, продолжувајќи го спротивставувањето на Русија. Министерот додаде дека неодамнешното распоредување на 150 британски војници во Полска било дел од планот за спротивставување на обидот на Русија „да го тестира НАТО“.

„Треба да покажеме дека НАТО е одбранбен сојуз и е подготвен да ги заштити своите ранливи членки, особено на источното крило и, особено, земјите на Балтикот и Полска“, додаде министерот.

 

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.