МО РФ објави видео во чест на Денот на морската пешадија

Министерството за одбрана на Русија објави видео во чест на Денот на морската пешадија, кој се одбележува на 27 ноември.

Во видеото, објавено на официјалниот видео канал на „Јутјуб“, е прикажана боевата обука на морските пешадинци. Војниците реализираат гаѓања и скокови со падобран, совладуваат пречки на земја и во вода, тренираат поморски десант.

Како што истакнува рускиот одбранбен ресор, „морската пешадија на Русија е елитата на Вооружените сили“.

Денот на морската пешадија во Русија се одбележува секоја година. Првпат денот беше одбележан во 1996 година.

На 27 ноември 1705 година Петар I го донесе указот за формирање на првиот во Русија „полк на морски војници“, пишува РИА „Новости“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.