Претходно новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го нарече лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро диктатор и вети дека ќе помогне за благосостојбата на Куба. Од друга страна, американскиот сенатор од Флорида Марко Рубио изјави дека Конгресот и новата администрација на земјата по смртта на Кастро треба да го поддржат кубанскиот народ во борбата за „слобода и човекови права“. Тој исто така, истакна дека „диктаторот почина, а не диктатурата“.
„Што се однесува до разните манифестации и желби да се наклевети и зборува на недоличен начин во однос на човек кој починал, политичар, јас го оставам тоа на совеста на оние кои го прават тоа“, изјави Шчетинин.
Според него, „Фидел Кастро, независно од тоа како го третираа различни политички сили, беше голем политички деец на нашето време и тој во апсолутна мера заслужува почит од сите“, додаде Шчетинин, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче