Магазинот „Штерн“ за руската одбранбена индустрија: „Како се случи ова?“

Магазинот „Штерн“ пишува за рускиот тенк Т-14 и платформата „Армата“.

За последна револуција во производството на тенкови може да се смета советскиот тенк Т-34, но со доаѓањето на „Армата“, сѐ се промени: новата руска конструкција го изненади Западот, а од страна на воените експерти на НАТО веќе има повици за забрзување на работата над идните примероци на гасенична техника, пишува германското списание „Штерн“.

„Западот многу заостанува. Како можеше да се случи такво нешто?“, се прашува авторот. Одговорот е едноставен: земјите-членки на НАТО едноставно заборавија на класичните тенковски битки, каде тешките возила се соочуваа со добро заштитен непријател. Навиката да се гаѓа ранливата пешадија од сите орудија ја сведе супериорноста на западната оклопна техника на нула, смета авторот. „Армата“, пак, покажува дека руските инженери ја избегнале оваа стапица.

„Во секој пасус се чувствува страв“, пишува „Штерн“ за документот на британското Министерство за одбрана, кој претходно го објави „Телеграф“ за конкретната загриженост која е сосема оправдана: „Т-14 е едноставно незапирлив“, смета авторот. Но, тоа не е само еден тенк кој е редмет на загриженост во земјите-членки на НАТО. Борбената гасенична платформа „Армата“ е со универзален карактер и веќе е во употреба во пет примероци на идната руска оклопна техника. На тој начин, „борбените возила врз база на оваа платформа ќе ги имаат истите предности како и новиот руски тенк“, се вели во статијата.

„Празната купола“ и уникатниот композитен оклоп, малата борбена тежина и големата брзина, компактноста и напредната радио-електроника, го прават рускиот тенк страшен противник за борбените возила на НАТО. Покрај тоа, изданието укажува на неодамнешните соопштенија на руското Министерство за одбрана за беспилотното летала кое ќе го придружува Т-14 на „бојното поле“, што го прави „Армата“ уникатна „интерактивна“ борбена платформа.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња