Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави статија на Путин

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ во неделата ја објави статијата „Време е да ѝ се верува на Русија, заеднички фронт против теророт“, потпишана од претседателот на Русија Владимир Путин.

Статијата во „Ла Стампа“ претставува превод на дел од говорот на Путин на Валдајскиот форум, посветен на меѓународната проблематика. На пример, во статијата има фраза која рускиот претседател ја кажа за Америка, дека тоа е „голема сила“, а не некаква „банана-држава“, пренесува „Взгљад“.

Путин тогаш изјави дека Америка е голема сила, а не „банана-држава“, коментирајќи го на тој начин митот за влијанието на Русија врз изборите во САД.

Валдајскиот форум се одржуваше во Краснаја Полјана во Сочи од 24 до 27 октомври. Во текот на својот настап рускиот претседател истакна дека сегашниот систем на меѓународни односи постојано го мачи грозница, а принципите во политиката и економијата постојано се прераспределуваат и менуваат во полза на интересите на силните земји во светот.

Притоа, како што истакна Путин, некои партнери на Русија не сакаат да ги решаваат реалните меѓународни проблеми. На пример, формираното уште во студената војна НАТО не беше адаптирано на новите услови, без оглед на сите изјави.

Во својот настап претседателот на Русија исто така посвети големо внимание на една од основните закани за современиот светски поредок – тероризмот, потенцирајќи дека е потребна борба против тероризмот на дело, а не на зборови, и дека може да се победи единствено со обединети напори.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.