Белата куќа повторно изјави дека ИД не е главната цел на Русија во Сирија

Белата куќа продолжува да смета дека Русија се бори во Сирија главно против опозицијата, а не со „Исламската држава“, изјави помошничката на американскиот претседател за национална безбедност Сузан Рајс.

На прашањето дали Русија се бори со ИД во Сирија, Рајс изјави дека тоа е „само нус појава“.

„Навистина, тие (Русија) извршија неколку напади врз, некои напади, како што тврдат тие, без врз „Ал Каеда“, но нивните активности се сосема јасни: да се поддржи Асад и да се отстрани опозицијата, од која поголем дел е умерена, а не екстремистичка опозиција“, изјави Рајс во интервју за Си-Ен-Ен во неделата.

„Тие тврдат дека имаат, како и ние, заеднички интерес да ја поразат ИД. Мислам дека таквиот интерес кај нив е секундарен, затоа што се во близина на Сирија, и постои ризик дека Чеченците и другите кои дојдоа да се борат Сирија, ќе се вратат повторно на руска територија. Но, ако се погледне како тие ги распределија своите напори и ресурси, јасно е дека тие во суштина го поддржуваат Асад, кој хаотично ја гони опозицијата“, додаде Рајс.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.