Владимир Путин имаше телефонски разговор со Раул Кастро

Претседателот на Русија Владимир Путин во телефонски разговор со претседателот на Државниот совет и Советот на министри на Куба Раул Кастро изрази сочувство по повод смртта на неговиот брат, лидерот на револуцијата Фидел Кастро, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин му се јави на претседателот на Државниот совет и Совет на министри на Република Куба Раул Кастро и изрази од свое име и од името на целиот руски народ длабоко сочувство во врска со смртта на лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.

Шефот на руската држава го опиша Фидел Кастро како „брилијантен политичар, патриот“, кој „несебично ѝ служеше на својата татковина, ја освои љубовта на кубанскиот народ и почитта на целата меѓународна заедница“ и го истакна големиот придонес на лидерот на кубанската револуција во воспоставувањето на пријателските и партнерски односи со Русија.

„Раул Кастро му се заблагодари на рускиот лидер за зборовите на поддршка, уверувајќи во непроменливоста на курсот за понатамошен развој на сестраната соработка со Русија“, додава Кремљ.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.