Двајца руски офицери ранети во Алепо во последната хуманитарна пауза

Русија повеќе пати воведуваше хуманитарни паузи во Алепо, но секој пат тие резултираа со неуспех поради неподготвеноста на претставниците на ОН и активностите на терористите, изјави во саботата портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

„Русија веќе во неколку наврати воведуваше хуманитарни паузи во Алепо со различно времетраење, сепак, секој пат не успеваа поради две причини: претставниците на ОН не се подготвени за испорака на хуманитарна помош, а терористите во Алепо не знаат дека со нив некој наводно се договорил за евакуација на локалното население“, изјави Конашенков.

Портпаролот на МО РФ додаде дека во текот на последната хуманитарна пауза двајца офицери на рускиот Центар за помирување на спротивставените страни биле ранети од шрапнели кога терористите од источниот дел на Алепо отвориле оган од минофрлачи.

„Како резултат на последната хуманитарна пауза, двајца офицери на рускиот центар за помирување, кои го чекале влегувањето во градот на хуманитарниот конвој, беа ранети од шрапнели од минофрлачки оган од страна на милитантите од источниот дел на Алепо“, изјави портпаролот на МО РФ, пренесува РИА „Новости“.

Претходно, помошникот на специјалниот пратеник на ООН Јан Егеланд изјави дека ООН добил писмени гаранции од вооружената сириската опозиција за подготвеноста да го спроведе хуманитарниот план на ООН во источно Алепо, како и усна согласност за планот на Русија. Сега на Обединетите нации им е потребна писмена гаранција за согласност од Москва и Дамаск.

Од своја страна, Руската Федерација се сомнева во пишаните документи кои му беа доставени од опозицијата на Егеланд. Според Москва, тие можат да бидат фалсификувани кои милитантите им ги подметнале на ООН.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња